Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Утре почнува Соборот на Српската православна црква

/

пред 1604 дена

Сподели преку :

Утре во Сремски Карловци почнува Соборот на Српската православна црква. Работниот дел би требало да се одржи во Белград, на кој се очекува да се расправа за одлуката на Васеленскиот патријарх Вартоломеј, кој ја призна Македонската православна црква како Охридска архиепископија.

Пред одржувањето на Соборот, српски Блиц објави дека има показатели дека владиците ќе одобрат МПЦ повеќе да не се третира како расколничка, односно да дојде до канонско единство. Весникот пишува дека постои можност да се реши спорот, кој датира од 1967 година, кога, како што ја нарекуваат во Србија, таканаречената Македонска православна црква се оддели од СПЦ.

Претходно, во Ниш се одржаа разговори меѓу српскиот патријарх Порфириј и претставници на МПЦ, кои се одржаа во најголема тајност.