Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Утре премиера на „Јанѕа“, прв долгометражен филм за Блаже Конески

/

пред 1268 дена

Сподели преку :

Утре ќе се одржи премиерата на првиот долгометражен филм за Блаже Конески „Јанѕа“ според мотиви од „Дневник по многу години“ на Конески, од истакнатиот македонски документарист Никола Т. Калајџиски.

Филмот е во продукција на „Kонтраст филм“, а се однесува на огромното значење на делото на Конески за македонската култура и наука и воопшто за нашата држава, преку кажувањата на повеќе истакнати академици, универзитетски професори и научници/истражувачи од областа на македонистиката и воопшто од областа на лингвистиката, книжевната наука и културологијата, вклучително и странски македонисти кои важат за познавачи на делото на делото на Конески – негови современици и потомци.