Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов денеска на прес-конференција ги повика сите работници утре да се упатат кон Скопје за да се борат за повисока минимална плата од 600 евра и зголемување на сите работнички плати за 6.000 денари.
Трендафилов нагласи дека работниците живеат со ниски примања додека газдите и дел од владата уживаат повисок стандард и ги повика граѓаните да излезат на улица за да ја поддржат својата борба за праведни примања.











