Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Утрински гужви на граничните премини „Табановце“ и „Дојран“

/

пред 311 дена

Сподели преку :

Утрово можеа да се забележат  подолги колони возила на граничните премини „Табановце“ и „Дојран“. На излез од државата кај „Табановце“ граѓаните чекаа дури 40 минути, додека на „Дојран“ времето на чекање беше околу 30 минути.

Иако на останатите гранични премини од македонска страна засега нема подолги задржувања, надлежните служби внимателно ја следат состојбата поради засилената утринска фреквенција на возила.

Покрај граничниот метеж, сообраќајот по државните патишта се одвива по влажни коловози, а маглата ја намалува видливоста на планинските превои Пресека и Ѓавато. ЈП „Македонија пат“ предупредува и на можни помали одрони на патните делници низ клисури и усеци, кои редовно се расчистуваат.

Надлежните упатуваат апел до возачите за внимателно управување со возилата, прилагодување на брзината и строго почитување на сообраќајните правила, особено на местата со намалена видливост.

Т.Д.