Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Утрово е исчезнат 72-годишниот Петар Стојановски, последен пат бил видел кај мостот „Гоце Делчев“ – семејството бара помош од граѓаните

/

пред 294 дена

Сподели преку :

Исчезнат е 72-годишниот Петар Стојановски. Според објавата на неговото семејство на социјалните мрежи, исчезнувањето на Стојановски е забележано утрово околу 6:30 часот и последен пат бил виден кај мостот „Гоце Делчев“.

„Излезен е од дома најверојатно со пижами и е со деменција. До вчера беше сосема свесен каде живее и за ориентирање во простор“, сподели член на семејството на Стојановски.

Семејството бара помош од граѓаните да ја споделат веста и да помогнат во наоѓање на Петар. За било какви информации да се јават на телефонскиот број 071-211-345 – Снежана Стојановска.
С.Д.