Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Узунов во „Вин-Вин“: Ниту еден политичар во Македонија не е мазохист, не сака да се „самоубие“ за арното на некои идни генерации

/

пред 703 дена

Сподели преку :

Идејата на секоја влада што доаѓа, секоја партија што доаѓа на власт, е дека сака да остане што подолго. Нивни прв императив е да останат на власт колку може подолго, два мандата, 20 мандати, да се биде на власт, вели Ванчо Узунов, универзитетски професор, во вечерашната „Вин-Вин“ на ТВ Телма.

„И првата работа им е „не сакам да се замерам со граѓани кои што треба утре да ме гласаат“. Болни реформи, особено од типот какви што и требаат на Македонија, се болни реформи кои што ќе дадат ефекти на долг рок, после три други влади ќе почнат да се гледаат ефектите. Ниту еден политичар во Македонија, а мислам и во светот, не е мазохист, не сака да се самоубие за арното на некои идни генерации. Тој повеќе е садист, отколку мазохист. Ќе ги убие сите, за него да му биде добро“, рече Узунов.