Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Вајц ќе го презентира годишниот нацрт-извештај за напредокот на земјава пред ЕП

/

пред 223 дена

Сподели преку :

Денеска пред Комитетот за надворешни работи на ЕП, известувачот на Европскиот парламент за Македонија, европратеникот Томас Вајц, ќе го презентира годишниот нацрт-извештај за напредокот на државата.

Во годишниот нацрт-извештај Вајц, меѓу другото, наведува дека од суштинско значење за евроинтеграцијата на државата, особено во контекст на новата геополитичка реалност, е сите политички актери, особено Владата, да даваат опипливи резултати во клучните области, а во исто време ЕУ и нејзините држави членки мора ги исполнат своите обврски, целосно да ја поддржат земјата, вклучително и преку активен дипломатски ангажман, за да ѝ помогнат да напредува во исполнувањето на сопствените обврски.

Ова ќе биде втор извештај за земјата од 2022 година по тој минатата година, кој беше усвоен од ЕП. Вајц во појаснувачката изјава во нацрт-извештајот нагласува дека оваа година има чест да го презентира својот втор извештај за Северна Македонија и додава дека документот има цел да обезбеди балансирана и објективна оценка на напредокот на земјата во процесот на пристапување и во согласност со  воспоставената пракса се подготвува како одговор на пакетот за проширување на ЕК за 2025 година.

Вајц: Европскиот совет јавно да сигнализира дека со уставни измени, Македонија безусловно го отвора кластерите