Известувачот на Eвропскиот парламент за Mакедонија Tомас Вајц во пишана изјава до медиумите реагираше на, како што се наведува, притисокот на владината коалиција членовите на Судскиот совет да поднесат оставки или да бидат разрешени поради нивната наводна политичка припадност.
„Овој повик од страна на Владата е загрижувачки знак за политичко мешање во судството. Независноста на судскиот систем е клучна за владеењето на правото и поделбата на власта, кои се темелни вредности на патот на македонија кон ЕУ, наведува Вајц во пишаната изјава до медиумите.











