Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Валш: Цената на горивото ја диктира цената на авионските билети во Европа

/

пред 143 дена

Сподели преку :

Aвиокомпаниите не можат да ги апсорбираат зголемените трошоци за гориво на долг рок, иако некои европски компании неодамна ги намалија цените на билетите поради послабата побарувачка, изјави генералниот директор на Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт , Вили Валш.

Тој предупреди дека повисоките цени на авионските билети во Европа се „неизбежни“ поради зголемувањето на трошоците за авионско гориво. Ги исткна и ризиците од снабдувањето пред летната сезона, наведувајќи дека британската авијација би можела да се соочи со потенцијален притисок врз снабдувањето со гориво за време на шпицот на сезоната, иако, како што нагласи, „нема причина за паника“.

Според него, дури и во случај на брзо отворање на Ормускиот теснец, нарушувањата на пазарот на нафта и штетите на рафинериите на Блискиот Исток би можеле да имаат долгорочен ефект врз цените на горивата.

„Едноставно нема начин авиокомпаниите да апсорбираат дополнителни трошоци“, рече Валш, додавајќи дека сите попусти би биле краткорочни и дека трошоците на крајот ќе бидат префрлени на патниците, пренесува Танјуг.