Жителите на Аеродром и Ново Лисиче повторно реагираат дека се шири неподнослива миризба на запалена гума, пластика и ѓубре. Миризбата доаѓа од Вардариште. Според реакциите на граѓаните пожарот тлее и под земја точно околу отпадот за старо железо. Разгорувањето било пријавено, а одговорот што го добиле бил дека пожарникарите не можат да го изгаснат.

Жителите велат дека на депонијата нема присуство на екипи што би ја контролирале ситуацијата и навремено да интервенираат.
Од Центарот за управување со кризи пак во редовниот утрински извештај за состојбата со пожарите до 7 часот се вели дека пожарот на депонијата Вардариште е изгаснат.

Од Дирекцијата за заштите и спасување велат дека чекаат одговор од скопската Бригада за противпожарна заштита. Додека жителите на Аеродром и Ново Лисиче преку Фејсбук, се организираат и денеска да го продолжат протестот што изминатите три дена се одржуваше на крстосницата меѓу булеварите АСНОМ и „Србија“, кај паркот „Авионче“ во Аеродром. Протестите како што највавуваат граѓаните ќе продолжат и денес од 18 часот и ќе траат сѐ додека не се најде трајно решение за Вардариште.











