Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Вархеји не ја убедил Софија да го крене ветото во јуни за Скопје

/

пред 1598 дена

Сподели преку :

Бугарскиот премиер Кирил Петков денеска ги закопа очекувањата на еврокомесарот за проширување Оливер Вархеи Бугарија во јуни да дозволи старт на преговорите со Македонија. Само 24 часа по нивната средба во Софија на која Вархеи, како што напиша самиот на твитер, отиде со очекување да се најде заедничка основа и поддршка од Бугарија за старт на пристапните преговори со земјава, Петков денеска со изјава дека индивидуално нема да носи одлуки по тоа прашање.

Многу јасно треба да се каже дека јас како премиер не преземам самостојно никакви обврски. Ако нешто ќе се случува по таа тема тоа прво ќе треба да биде врз основа на министерството за надворешни работи, тоа да го потврди владата, да помин низ коалицискиот совет, да се донесе одлука од коалицискиот совет, да отиде во Собранието, таму да се одлучи, и тогаш можат да се преземат обврски. Така што процедурата е многу јасна. Многупати сакам јасно да кажам бидејќи другата лажна вест е дека премиерот има некакви индивидуали договори. Не, процесот е јасен – министерство за надворшени работи, коалицискиот совет, влада, Собрание, позиција. Такви ќе бидат чекорите што ќе следат, рече петков.

Петков соочен со проблеми внатре во коалицијата кои можат да го чинат и паѓање на владата, а кој изминатиов месец е под постојана критика од коалициските партнери дека води своја политика кон Македонија, за што го обвини и шефицата на бугарската дипломатија Теодора Генчовска, темата Македонија ја стави во длабока сенка.

Петков кој се сметаше за полиберален во поглед на изнаоѓање на решение со Македонија, наспроти претходната влада на Бојко Борисов и техничката влада избрана од бугарсиот претседателот Румен Радев, се чини дека притиснат од тенкото парламентарно мнозинство кое го има не само што ја загуби насмевката која ја имаше на стартот на мандатот кога зборуваше за надминување на спорот со Макеоднија, туку го губи и ентизујазмот .

И додека Петков се воздржува од јавни настапи поврзани со темата Македонија, па го испушти и чествуњето на Гоце Делчев на 4 мај, а ја откажа и втората меѓувладина средба со Македонија која требаше да одржи месецов, неговото место во јавноста го зазедоа Генчовска и Радев, чии ставови се  идентични – впишување на Бугарите во македонскиот Устав со дополнителни гаранции за тоа со меѓународно признат договор.

А токму тоа на Вархеи вчера му го соопштил Радев, дека без исполнувањето на копенхашките критериуми за членство во ЕУ и обезбедување уставни гаранции за правата на македонските Бугари, нема придвижување на процесот на евроинтеграција на, како што наведува во соопштението од кабинетот на бугарскиот претседател„ нашата југозападна состека“.

Генчовска пак која својот став за старт на преговорите на Македонија во јуни уште пред три дена рече дека нема да биде можно само со започнување на уставните измени во земјава, туку побара дополнителни гаранции за тоа, средбата со Вархеи не ја одбележа ниту со соопштение, иако Вархеи по средбата со Генчовска напиша дека тие заедно работат на взаемно прифатливо решение за во јуни да може да се одржи првата меѓувладина конференциија на Европската унија со Македонија.

Тамара Грнчароска