Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Вархеји во Белград на средба со Вучиќ

/

пред 893 дена

Сподели преку :

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска во Белград ќе има средба со комесарот на Европската унија за соседска политика и проширување, Оливер Вархеји.

Почетокот на средбата е најавен во 17:00 часот. По средбата, Вучиќ и Вархеји ќе одржат прес конференција.

Иако до пред неколку дена се чинеше дека приемот на Косово во Советот на Европа е речиси завршена работа, Приштина веројатно ќе мора да почека за да се приклучи на таа меѓународна организација.

Имено, откако Косово кон средината на минатиот месец доби „зелено светло“ за членство во Советот на Европа на Парламентарното собрание, се очекуваше тоа да биде потврдено дури на следната седница на Комитетот на министри за надворешни работи, која ќе ќе се одржи следната недела.

Сепак, пред неколку дена беше објавено дека приемот на Косово во Советот на Европа не е на дневен ред на седницата на Комитетот на министри за надворешни работи закажана за 16 и 17 мај во Стразбур.

Инаку, премиерот на Косово, Аљбин Курти, пред неколку дена изјави дека не прифаќа дека почетокот на формирањето на Заедницата на српските општини е основа за членство на Косово во Советот на Европа, оценувајќи дека тоа е услов меѓународните сојузници да зажалат. Тој смета и дека формирањето на Заедницата на српските општини и членството во Советот на Европа се два посебни процеси.