Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Васев и Нухи не чувствуваат вина во случајот “Онкологија 2”

/

пред 401 дена

Сподели преку :

Екс директорите на Онкологија, Нино Васев и Нехад Нухи  се изјаснија како невини во предметот за  злоупотреби со биолошката терапија и економското работење на Клиниката.

Васев рече дека 35 години работел на клиниката со единствена цел да се спасат човечки животи. Рече дека Обвинителството намерно не го опфатило периодот од 2017 година кога тој станал директор и кога наследил  долг кој го намалил повеќекратно. За набавката за која е обвинет дека го довел ФЗО во заблуда вели дека тендерот одел преку  Министерството за здравство и имало одложување од 5 месеци. Реверсите биле земани во моменти кога постапката  за набавка на имунолошка теприја веќе била почната,  а со цел пациентите да не останат без терпија и да не се соочат со вракање на болеста, објаснуваше Васев . Одбраната побара изземање на двајца вештаци кои биле претходници на Васев и на Нухи во директорските фотељи

Вештачењето на обвинителството е од лица што јас сум ги сменил од Клиниката. Едната доби отказ и се врати во заеднички служби од каде што и дојде. А другиот доктор кој е техничко лице и во оваа постапка, сам си даде отказ после неколку месеци, изјави Нино Васев.

Од одбраната на Нухи обвинението е конфузно неразбирливо и монтирано, има цел да  препише вина за системски проблеми. Посочи дека ФЗО не може да биде доведен во заблуда напротив фоднот при конторите не открил незкаонитосит. На судијката и порачаа – ако го прифатите вештачењето со овие вештаци, веднаш да се спакуваме и да донесете пресуда.

Мојата невиност ќе произлезе како од докази кои ги предлагаме, пред се економско материјалноти вештачење од кое на сите ќе им стане јасно колку пропусти има направено обвинителството и зошто сите рокови го пробија и нивните вештачења се неточни.

Обвинителството ги гони за злоупотреба на службената положба и овластување, измама и проневера во службата. Обвинителката Ана Гоговска Јакимовска ќе докажува дека екс медицински и еконосмкиот директор со незаконски јавни набавки на лекови, без согласност на ФЗО и со злоупотреба на службената положба, предизвикале штета на Буџетот од над 2,2 милијарди денари и дека со со злоупотреба на системот на реверси, без правна основа довеле во заблуда државни институции и овозможиле противправна корист за повеќе фармацевтски компании.

Васев, помогнат од Нухи, со намера да генерира залихи на лекови, дел од кои подоцна биле присвоени, и за себе обезбедил имотна корист. Не иницирал носење на медицински протоколи со кои ќе се воспостават правила и критериуми кои треба да ги исполнува пациентот за да прима биолошка терапија. Откако со свој потпис ќе го одобрел и потпишел лекот во историите на пациентите кај кои е давана терапија, дел од лековите фиктивно ги раздолжувал, односно не ги аплицирал на пациентите, вели Ана Гоговска Јакимовска, обвинителка во ОЈО Скопје.

Судењето продолжува следната недлеа со доказна постапка

Елена Ивановска Мукоска