Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Василичарски оган под вода со колбаси

/

пред 647 дена

Сподели преку :

Со дефиле под маски, денеска во Вевчани почна официјалниот дел од Вевчанскиот карневал. Манифестацијата завршува со традиционалното василичарско оро и палење на маските во центарот на Вевчани.

Нуркачкиот центар „АМФОРА“ во Македонија на креативен начин започна да ја прославува Василица. Со подводен оган за Стара Нова година – Василица. Како што наложува и традиција членовите на центарот печеа колбаси на огнот.

Православните христијани кои се водат според Јулијанскиот календар вечер ќе ја пречекаат Стара нова година, а воедно утре ќе ја прослават и Василица.

Многу македонски семејства Василица ја празнуваат како домашна слава, а оние кои го носат името на Свети Василиј Велики, како Васил, Васко, Васе, Васка го слават својот именден. На семејната трпеза се крши погача со паричка, а се верува дека на оној што ќе му падне, годината ќе му биде среќна и бериќетна.