Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Вечерва извршен одбор во СДСМ-ќе успее ли раководството да се консолидира или ќе се потврдат внатрешните разлики?

/

пред 87 дена

Сподели преку :

Извршен одбор во СДСМ вечерва по турбулентната недела во партијата. Партискиот извршен одбор одржува седница што би можела да биде важен тест за натамошниот правец на оваа опозициска партија.

На маса се очекува да биде состојбата во партијата, откако иницијативата за внатрепартиски реформи отвори прашања за начинот на функционирање и идните политики.

Дел од потписниците, меѓу кои и поранешната министерка Славјанка Петровска, актуелан пратеничка, тврдат дека иницијативата не е насочена против раководството, туку има цел да придонесе за зајакнување на СДСМ.

Ќе успее ли партиското раководство да испрати порака за консолидација или, пак, ќе се потврди впечатокот дека внатрешните разлики дополнително се продлабочуваат, ќе стане појасно по завршувањето на седницата.