Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Вечерва во КОД: Случајот за истрагата на претседателката на Антикорупциска и нејзините врски со ТЕЦ Неготино

/

пред 517 дена

Сподели преку :

Телефонот „Ајфон“ на претседателката на Антикорупциска комисија, Татјана Димитровска е на форензика во лабораторијата на обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција и со анализа ќе се утврдува што содржи и какви податоци има, открива КОД во вечерашното издание.

Претседателката Димитровска за која е отворена истрага за оддавање службена тајна – тврди дека пораките кои се дел од обвинителската истрага и кои ги разменувала со екс директорот на ТЕЦ Неготино Небојша Стојановиќ, се приватни пораки и комуникација со семеен пријател.

Пораките кои ја сомничат Димитровска се најдени во одземениот телефон на Стојановиќ кој е обвинет за случајот „Адитив“. Иако телефонот на Стојановиќ беше одземен во декември, форензичката анализа била направена на крајот на март поради зафтеност на лабораторија во обвинителството, открива КОД во вечерашното издание.

Во вечерашната емисија, КОД објавува за уште еден случај за кој се најдени податоци за размена на информации меѓу претседателката на ДКСК и обвинетиот Стојановиќ. Станува збор за предметот со набавките на мазут за ТЕЦ Неготино, за кој сега се одвива и истрага за еколошки криминал. Емисијата е по вести во 18:30 часот на Телма.