Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Мажот, кој на улица во Скопје, сред бел ден ја тепаше сопругата, повторно ги нападнал жената и ќерката

/

пред 129 дена

Сподели преку :

Четириесет и осумгодишниот жител на Велес, кој на улица во Скопје ја тепаше својата сопруга, е приведен дури вечерта, откако повторно ги нападнал својата сопруга и ќерка и им се заканувал со остар предмет.

Насилникот првпат е пријавен вчера околу 11:40 часот, кога во СВР Скопје очевидец пријавил дека на подрачјето на Центар, маж физички ја нападнал својата сопруга. По пријавата, полициските службеници веднаш започнале потрага по сторителот и презеле мерки за заштита на жртвата.

Со преземените активности било утврдено дека лицата се од Велес, по што во потрагата се вклучиле и полициски службеници од СВР Велес.

Откако 48-годишниот Џ.Б. и 43-годишната сопруга се вратиле во нивниот дом, тој повторно извршил физички напад врз сопругата и нивната малолетна ќерка. Според информациите од полицијата, при нападот им се заканувал и со остар предмет.

Благодарение на брзата и координирана реакција на полициските службеници од СВР Скопје и СВР Велес, лицето во 21 часот било лишено од слобода. Остриот предмет бил пронајден и одземен, а сторителот бил задржан во полициска станица.

За настанот се известени јавен обвинител и Центарот за социјални работи Велес, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава. Од МВР апелираат до сите граѓани, доколку се сведоци или жртви на семејно насилство, веднаш да пријават во полиција или до надлежните институции.