Велика Британија го сруши својот рекорд за највисока температура забележана во мај, откако беше прогласен топлотен бран во неколку делови од земјата. Жителите и туристите бараа олеснување на плажите, парковите и сенка за време на празникот, бидејќи температурата достигна 33,5 Целзиусови степени на лондонскиот аеродром Хитроу, соборувајќи го претходниот рекорд од 32,8 Целзиусови степени (91,4 Фаренхајт) поставен во 1922 година и повторно израмнет во 1944 година.
- „Ако размислиме за нашите култури, нашите земјоделци кои се обидуваат да ги одгледуваат овие култури, тие навистина ќе се мачат. Тие немале доволно вода и ова навистина може да биде проблем кога се размислува за жетвата подоцна во текот на летото, може да има некои навистина големи проблеми со неуспешните жетви“, изјави д-р Хана Клок, професор по хидрологија, Универзитет во Рединг.
Агенцијата за здравствена безбедност на Велика Британија го издаде своето прво жолто здравствено предупредување за оваа година, предупредувајќи за зголемување на смртните случаи, особено кај постарите лица, во најжешките периоди од денот.
Зголемените температури во многу делови од земјата го прават овој понеделник најжешкиот регистриран празничен понеделник.
Метеоролозите велат дека високите температури, кои вообичаено се поврзуваат со летните месеци, се предизвикани од силна област на висок притисок од Европа, која го турка топлиот воздух кон Велика Британија.
Мајските топлотни бранови се ретки во Велика Британија, а експертите велат дека недостатокот на дожд во ова време од годината може да предизвика земјоделските култури подоцна да пропаднат.
Париз исто така има рекордни мајски температури, во француската престолнина продолжи необично силниот топлотен бран.
Многу парижани и посетители беа видени или како се сончаат или се засолнуваат во сенка, додека градот достигна максимум од над 33 степени Целзиусови. Некои од туритите изјавија дека луѓе се онсевестуваат од жештината.
- „Вчера се враќав дома и имаше една жена која се онесвести поради жештината. Па сите застанавме да ѝ помогнеме и така натаму, но секогаш мислиме, вистина е, на нашите најблиски и така натаму, што е многу важно, но мислам дека не треба да ги заборавиме луѓето што се околу нас, нашите соседи, дури и постарите лица кои понекогаш се надвор на улица и шетаат, без да се грижат за сонцето, но треба“, рече Соња Бенуда, белгиска туристка.
Француската национална метеоролошка служба, Метео Франс, соопшти дека температурите ги соборуваат рекордите за месец мај, искачувајќи се над 30 степени Целзиусови во многу делови од земјата и прогнозирајќи дека ќе траат во текот на целата недела.
- „Мислам дека веќе сме доста свесни (за глобалното затоплување), многу сме чувствителни на него и нè загрижува, особено во мај, да имаме толку интензивна топлина. Доста е страшно за иднината бидејќи сè уште не сме ни во лето, дури ни во јуни“, посочи Манон Хубер, парижанец.
- „Единствената предност е што колку повеќе топлотни бранови имаме сега, толку повеќе луѓе би можеле да се потрудат. Значи, ете, се обидуваме да останеме оптимисти“, изјави Рафаел Вијале, парижанка.
Временската разлика од следно ниво се јавува сè почесто како што се зголемува затоплувањето на Земјата. Експертите велат дека невидените и смртоносни временски екстреми што понекогаш се случуваат ставаат во опасност повеќе луѓе.
Кристина Кузмановски











