Илјадници Авганистанци се преселени во Велика Британија во рамки на тајната шема, воспоставена по истекување на лични податоци на Авганистанци кои ги поддржувале британските сили. Но, и по појавата на ризик за одмазда од талибанците по нивното враќање на власт во 2021 година, покажуваат судски документи, пренесува агенцијата „Ројтерс“.
Загриженоста дека именуваните лица би можеле да бидат мета на талибанците ја наведе претходната конзервативна влада во Лондон да воспостави план за преселба кој вклучувал илјадници луѓе за кој е проценето дека владата во Лондон ја чинел околу две милијарди фунти.
Британскиот министер за одрбана, Џон Хили се извини поради истекување на податоците кои вклучувале детали за членови на парламентот високи воени офицери кои ги поддржале барањата за помош на војници кои работеле со британската војска и нивните семејства за преселување од Авганистан во Велика Британија.
„Овој сериозен инцидент со податоците никогаш не требаше да се случи. Можеби се случил пред три години под претходната влада, но упатувам искрено извинување до сите лии податоци се загрозени“, рече Хили пред пратениците во Долниот дом на парламентот.
Хили додаде дека околу 4.500 погодени луѓе „се наоѓаат во Велика Британија или во транзит“ по цена од околу 400 милиони фунти. Тој додаде дека на никој друг во Авганистан нема да му биде понуден азил по истекување на податоците.
Веста за истекување на информации доаѓа во момент кога состојбата со јавните финансии во Велика Британија е тешка, а десничарската, антимигрантска, партија „Реформска Обединето Кралство“ води во анкетите.
Британската влада сега се соочува со тужби од оние кои се погодени со ова кршење на безбедноста, што дополнително ја крева конечната цена на инцидентот. Се проценува дека од 80.000 до 100.000 луѓе се загрозени со истекување на информациите во јавност.











