Осумнаесетгодишно момче од Скопје е донесено со прострелни рани во Ургентниот центар. Претходно пријавено било дека бил нападнат на ул. „Методија Митевски“ во Чаир од лице кое управувало со велосипед.
„На 15.09.2025 во 01:04 часот во СВР Скопје, од Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ е пријавено дека кај нив со повреди од огнено оружје е донесен М.И.(18) од Скопје. Полициски службеници од Полициската станица Бит Пазар извршиле разговор со В.И.(28) од Скопје, кој со возило го донел повредениот, при што тој изјавил дека на ул.„Методија Митевски“ едно лице, кое било со велосипед, неколку пати од огнено оружје пукало кон М.И. и го напуштило местото“ стои во соопштението на МВР.
Направен е увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.











