Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Тренчевска, Трајановски, Жерновски, Димитријевиќ- и нови и стари лица во раководството на СДСМ, а лидерот Венко Филипче ги претстави како тим кој влегува во одлучна борба со криминогената власт на ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ

/

пред 302 дена

Сподели преку :

На вечерашниот извршен одбор на СДСМ за потпретседатели се избрани Александар Трајановски и Јована Тренчевска. Како што објави Телма, екс министерката Тренчевска е вториот потпретседател на СДСМ и заедно со Трајановски се нови членови на партиското раководство.

За организациски секретар Љупчо Фармаковски, а генералниот секретар останува Александар Саша Димитријевиќ.

„Ова е тим кој влегува во одлучна борба со криминогената власт на ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ. Ја шириме платформата, повикуваме граѓански организации, независни платформи, слободоумни граѓани. Вечерва објавуваме фронт и се подготвуваме власта да ја вратиме во рацете на граѓаните. Ние сме тие коишто ќе ставиме крај на националното предавство со проектот за прием на мигранти“, изјави Венко Филипче, претседател на СДСМ. 

Дел од членовите кои се избрани во Извршен одбор се Дејан Николовски, Јон Фрчкоски, Симона Цветановска, Рената Младеновска, Петар Огненовиќ, Андреј Жерновски.

И Филип Андов- Сокол, опфатен со истрага за директорски злоупотреби во затворот Шутка во новиот тим на Филипче, поранешни директори и екс градоначалници избрани во раководството на СДСМ