Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Веста е лажна – Израел демантира дека во тек се преговори за примирје во Газа

/

пред 650 дена

Сподели преку :

Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ги демантира наводите на либанските медиуми дека во тек се преговори за евентуално примирје во траење од шест до осум недели, при што Израел би добил список со живите заложници.

Кабинетот на Нетанјаху ја оцени веста за преговорите како „целосна лага“ и „дел од психолошката војна“ на Хамас против израелските семејства на заложниците и граѓаните.

Според либанските медиуми блиски до Хезболах, во преговорите за евентуалното примирје се разгледува можноста и Хамас да ги ослободи заложниците и да достави список на загинатите заложници доколку се познати локациите каде се наоѓаат нивните тела. Исто така, се преговара и за зголемување на хуманитарната помош за Појасот Газа и обнова на здравствениот систем.

„Израел неуморно ќе работи на враќање на сите заложници дома“, се наведува во соопштението од Кабинетот на Нетанјаху.