Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(ВИДЕО) Андреа се извини: Гордо се движам насекаде и го покажувам македонското знаме

/

пред 1610 дена

Сподели преку :

Македонската евровизиска претставничка Андреа Коевка се извини за тоа што го фрли македонското знаме за време на фотографирањето во Торино.

Во видеото кое таа го објави, потенцираше дека немала намера да навреди некого и и се извини на македонската јавност.

„Ги видов написите во медиумите и не ми се верува дека се случува тоа. Во последните неколку дена, сѐ што правев е тоа што гордо се движев насекаде и го покажував македонското знаме.

 

Но, во моментот кога ме фотографираа, побараа од мене да го немам македонското знаме.

 

Делегацијата беше навистина подалеку од мене и јас одлучив да го фрлам знамето.

Не беше од омраза затоа што јас сум горда што доаѓам од тука. Затоа ми е малку бесмислено зошто се случува ова. Навистина сум тука да ја претставам Македонија во најдобро светло и се надевам дека можеме да продолжиме во ова евровизиско искуство со позитива.

 

Немав намера да навредам некого, ако го направив тоа – се извинувам!“, рече Андреа.

Претходно, со реакција излезе и МРТ која побара јавно извинување, и рече дека ја разгледува можноста за нејзино повлекување од Евровизија.