Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео+фото) Автомобил заврши на покрив на куќа, за среќа никој не настрада – несекојдневна сообраќајна несреќа во Србија

/

пред 310 дена

Сподели преку :

Во местото Остриковац кај Ќуприја, во Србија, се случи несекојдневна сообраќајна несреќа, кога возач загубил контрола врз автомобилот и завршил на покрив на семејна куќа. На снимката на социјалните мрежи се гледа момент кога автомобилот, по излегување од свиок, се занесува и завршува на покрив на куќа.

Возачот се здобил со бројни повреди, но, за среќа, нема настрадани.

Домаќините раскажаа дека слушнале силен звук и кршење на прозорците. Помислиле дека се урива покривот, но кога излегле надвор затекнати од глетката. Виделе автомобил на покривот и возач кој се обидува да излезе од него.