Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео)Бел чад од Сикстинската палата – Избран нов Папа на римокатоличката црква

/

пред 523 дена

Сподели преку :

Бел чад попладнево од Сикстинската палата. На вториот ден од конклавата Ватикан избра нов Папа. 133 кардинали го изгласа новиот поглавар на Римокатоличката црква. Следниот час се очекува новиот папа да се појави на балконот со поглед на плоштадот Свети Петар. Илјадници луѓе со воодушевување одат кон плоштадот да го отпоздрават.

Висок кардинал наскоро ќе ја потврди одлуката на латински. И ќе го соопшти неговото име.

Претпладнево  двапати се издигна црн чад во Ватикан. Ниту еден од 133-цата кардинали не успеа а добие двотретинско мнозинство на гласови за наследник на папата Франциск кој почина на 21 април од мозочен удар.

Двајца претходни поглавари на Римокатоличката црква  Бенедикт 16-ти и Франциск беа избрани на вториот ден од конклавата, додека папата Јован Павле Втори беше избран третиот ден.