Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(ВИДЕО) Честитка на Силјановска – Давкова по повод Меѓународниот ден на знаковниот јазик

/

пред 767 дена

Сподели преку :

Претседателката Гордана Силјановска – Давкова преку видео порака упати честитка до лицата со оштетен слух и говор по повод одбележувањето на 23 септември, Меѓународниот ден на знаковниот јазик.

Ова е единствена можност да се поддржи и заштити јазичниот идентитет и културната разновидност на сите глуви лица и другите корисници на знаковниот јазик.

Според Светската федерација на глуви, во светот има повеќе од 70 милиони глуви луѓе од кои 80% живеат во земјите во развој.

Во светот се користат повеќе од 300 различни знаковни јазици.

Тие се целосно развиени природни јазици, структурно различни од говорните јазици.

Постои и меѓународен знаковен јазик, кој го користат глувите лица на меѓународни состаноци и неформално при патување и дружење.

Се смета за форма на знаковен јазик кој не е толку сложен како природните знаковни јазици и има ограничен лексикон.

Конвенцијата за правата на лицата со попреченост ја признава и промовира употребата на знаковните јазици.

Тоа јасно покажува дека знаковните јазици се еднакви по статус на говорните јазици и ги обврзува државите членки да го олеснат учењето на знаковниот јазик и да го промовираат јазичниот идентитет на заедницата на глувите.

Обединетите нации кон крајот на 2017 година го прогласија 23-ти септември за Меѓународен ден на знаковниот јазик.

Пораката на Силјановска – Давкова можете да ја погледнете ТУКА.