Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(ВИДЕО) Доколку САД ја прекине поддршката за Украина, шансите за опстанок на земјата се многу мали вели Зеленски

/

пред 611 дена

Сподели преку :

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека на Украина и претстои многу тежок период, па дури и дека опстанокот на земјата е под знак прашање доколку САД ја прекинат поддршката за земјата.

„Веројатно ќе биде многу, многу, многу тешко. И, се разбира, знаете дека во сите тешки ситуации имате шанса, но ќе имаме мали шанси да преживееме без поддршката на САД“, изјави Зеленски во интервју за Ен-би-си њуз.

Иако земјата го зголеми военото производство, тоа но не доволно за да го надомести она што би го изгубила без американската поддршка, додава Зеленски.

Додава и дека не сака да размислува Украина да не биде стратешки партнер на САД, бидејќи тоа ќе го наруши моралот на Украинците.