Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(видео) Двајца загинати, дваесетина повредени – автобус излета од патот на потегот Цетиње – Будва

/

пред 1110 дена

Сподели преку :

Потврдена е смртта на двајца патници, кои настрадаа во сообраќајна несреќа на патот Цетиње – Будва во Црна Гора. Автобус на никшиќката фирма „Паповиќ“ излетал од патот кај местото Обзовица, јавуваат црногорските медиуми, после 12 часот.

Од црногорската полиција не можат да ја потврдат бројката на загинати и за сега велат дека има повеќе повредени, а екипи на полицијата и Брзата помош се на терен.

Повредените се транспортирани во Цетиње и Подгорица. 17-мина полесно повредени префрлени се во болницата во Цетиње, а за сега едно потешко повредено лица е однесено во Клиничкиот центар во Подгорица. Дел од црногорските медиуми објавија дека во автобусот имало меѓу 30 и 35 лица, немало деца и дека возачот е задржан во полиција.