Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Еден напаѓач убиен, двајца ранети – пукање во близина на израелскиот конзулат во Истанбул

/

пред 182 дена

Сподели преку :

Пукање во непосредна близина на израелскиот конзулат во Истанбул, пренесува „Ројтерс“, повикувајчи се на сведок. Инцидентот се случи во квартот Бешикташ. Засега е нејасно дали конзулатот бил мета на напад, јавуваат медиумите во Турција.

„Ерусалим Пост“, пак, објави дека конзулатот во Истанбул е затворен најмалку две години и во него веројатно нема персонал.

Според првичните извештаи, во нападот се повредени неколку лица. Гувернерот на Истанбул, Давут Ѓул во изјава за медиумите рече дека тројца луѓе со пушки и пиштоли учествувале во нападот. Тој додаде дека еден од напаѓачите е убиен, а двајца се ранети. „Гардијан“ објави дека во нападот се ранети двајца полицајци.