Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Едно лице загина, најмалку тројца се повредени – авион на DHL се урна врз двокатна куќа во Литванија

/

пред 695 дена

Сподели преку :

Товарен авион Боинг 737-400 на компанијата DHL, кој летал од германскиот град Лајпциг кон главниот град на Литванија, се урна врз двокатна куќа. Несреќата се случила на околу четири километри од аеродромот во Вилнус.

Спасувачките екипи реагирале на местото на настанот и од остатоците на авионот извлекле еден од двајцата пилоти, кој бил жив и свесен, но неколку минути подоцна починал од повредите здобиени во несреќата. Најмалку три лица се повредени.

Во авионот на компанијата „Свифтер“ имало вкупно двајца пилоти и двајца вработени во DHL. Се трага по едно лице кое патувало во авионот.

Нема загинати меѓу 12-те лица кои биле во куќата во моментот на уривање на авионот.

Фото: Х (Твитер)