Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Експлозии на аеродром, погодена енергетска инфраструктура, возила во пламен – жесток украински напад врз Курск, Липецк и на Крим

/

пред 800 дена

Сподели преку :

Украинските вооружени формации во текот на ноќта извршија серија напади врз цели во Русија, но и на полуостровот Крим. Откако руските власти известија за масовен напад со дронови врз областа Липецк, следуваа детонации на експлозивни направи на воен аеродром, а погодена е, исто така, и енергетска инфраструктура што диведе до прекин во снабдувањето со струја.

Воведена е вонредна состојба во областа Липецк за отстранување на последиците од експлозиите. Евакуирани се четири населени места.

„Липецк претрпе масовен напад со дронови. Експлозивни направи се детонирани далеку од цивилни објекти. Како последица на пад на беспилотно летало, оштетен е објект на енергетската инфраструктура. Постои нарушување во снабдувањето со електрична енергија“, наведе гувернерот на Липецк, Игор Артамонов.

Набрзо на социјалните мрежи почнаа да се шират апели до луѓето за напуштање на Липецк. Локалното население извести за силни експлозии на воениот аеродром. Околу 2 часот по московско време, во градот Липецо и околината е прогласен црвен степен на предупредување.