Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Ѓоковиќ пее на бугарски пред утрешниот егзибициски меч со Димитров во Софија

/

пред 765 дена

Сподели преку :

Утрешниот егзибициски меч со Григор Димитров во Софија, српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го најави на несекојдневен начин. Се снимаше, пеејќи ја „Луда по тебе“ во изведба на бугарската пејачка Камелија, преработка од Лепа Брена, на бугарски јазик и видеото го објави на социјалните мрежи.

Порача дека е спремен за дуелот со Димитров, кој ќе биде прв во кариерата на Ѓоковиќ во Бугарија. Егзибицискиот меч е дел од промоција на фондацијата на бугарскиот тенисер. Натпреварот ќе се одигра во „Софија арена“ чиј капацитет е 12.373 седишта.

Билетите беа пуштени во продажба во август и целиот капацитет на „Софија арена“ беше распродаден за осум минути.

Спектаклот со еден од најдобрите тенисери на сите времиња го најави и Димитров.

„Подгответе се за класичен, безвременски и уникатен меч. Ќе играм против Ѓоковиќ на 17 септември во 20 часот. Придружете ни се на незаборавна вечер на врвен тенис и поддржете ја мојата фондација. Да ја направиме вечер за паметење“, напиша Димитров на социјалните мрежи.