Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Граѓаните на нозе против проектот на зетот на Трамп во Албанија, Рама вели ќе донесе профит

/

пред 124 дена

Сподели преку :

Специјалното обвинителство за борба против корупцијата во Албанија започна истрага за проект за луксузното одморалиште поврзано со Џаред Кушнер, зет на американскиот претседател Доналд Трамп, додека протестите на граѓаните и еколошките групи против проектот продолжуваат.

Проектот го вклучува ненаселениот јадрански остров Сазан и неколку стотици хектари од заштитеното подрачје Вјоса-Нарта, чувствителен крајбрежен мочуришен екосистем кој е дом на фламинга, медитерански морски фоки и морски желки, објавува Политико.
Албанскиот премиер пак Еди Рама ги брани плановите за изградба на големиот туристички комплекс во еколошки чувствителната област. Тој  ги обвини приватните обезбедувачи откако се случија судири во крајбрежната област Звернет во регионот Валона во јужна Албанија, во кои беше повреден грчки државјанин.

Но остана цврст во своите ставови и силно го бранеше проектот од 4 милијарди евра, велејќи дека ќе привлече богати туристи и ќе создаде работни места за локалното население.
Албанското орнитолошко друштво, една од водечките организации за заштита на природата во земјата, е остро против проектот и планира да протестира против него во недела.