Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Хамас: Нанесуваме тешки загуби на Израелците – снимки од улични борби меѓу урнатините во Газа

/

пред 1061 дена

Сподели преку :

Израелските сили и милитанти на палестиснката исламистичка организација Хамас денеска водат тешки улични борби меѓу урнатините во Газа. Во истовреме, претставници на, речиси, 80 држави и невладини организации се собраа во Париз за координација за хуманитарната помош и изнаоѓање на начин за помош на повредените цивили.

Жителите на Газа велат дека Израелци се борат со Хамас, но и вооружени борци на други организации, но и дека израелски тенкови се распоредени околу градот.

Тие истакнаа дека израелски единици се приближуваат до две болници кои се засолниште на илјадници раселени Палестинци.

Израелската војска тврди дека нејзини единици напредуваат во срцето на Газа, каде смета дека се наоѓа главното упориште на Хамас и најголем град во палестинската крајбрежна енклава. Милитантната група, пак, објави дека нејзини борци им нанесуваат тешки загуби на израелската војска. Вооруженото крило на Хамас објави и видео кои наизглед прикажува интензивни улични борби покрај бомбардираните згради во градот Газа.