Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Хрватска: Возач на камион од Македонија изгорел во кабината

/

пред 152 дена

Сподели преку :

Тешка сообраќајна несреќа се случила на автопатот А3 кај Среданац во правец на Брегана, кога камион ja пробил оградата, удрил во далновод и се запали.

За возачот медиумите пренесуваат дека најверојатно е од Македонија, и истиот  останал заробен во возилото.

Пријавата за сообраќајната несреќа ја примил Оперативно-комуникацискиот центар на Полициската управа Брод-Посавина во 14:18 часот вчера. Се однесувала за пожар во камион во кој имало едно лице.

-Возилото ја проби централната заштитна ограда од јужната лента на автопатот и заврши на северната лента, удирајќи во далновод. Сите служби за итни случаи беа испратени на местото на настанот, а ќе следи истрага, која ќе ги утврди фактите и околностите поврзани со инцидентот, соопшти полицијата од Брод-Посавина.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 192.RS (@192_rs)


Според неофицијални информации од локалниот онлајн портал SB, возачот бил заробен во возилото и починал. Наводно станува збор за постар државјанин на Македонија.

Точната причина за несреќата и дали има повредени ќе се знае по истрагата.