Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Иран ја нападна Ал-Удеид во Катар, најголемата воена база на САД на Блискиот Исток

/

пред 476 дена

Сподели преку :

Соединетите Американски Држави ги следат неколкуте ракети истрелани од Иран кон базите на САД во Катар и во Ирак, јавува „Си-Ен-Ен“, повикувајќи се на две официјални лица упатени во ситуацијата.

Министерот за одбрана, Пит Хегсет и претседателот Здружениот штаб Ден Кејн се наоѓаат во Собата за кризни ситуации, во друштво на претседателот Доналд Трамп, вели службеник во Белата куќа.

Трамп ја посети базата Ал-Удеид во Катар во минатиот месец, како прв претседател на САД кој го сторил тоа од 2003 година. Ал-Удеид е најголема американска воена база на Блискиот Исток.

„Ниту една посета на Заливот не би била целсна без запирање и оддавање на почит на луѓето кои ја чуваат Америка сигурна, силна и слободна“, изјави Трамп пред војниците во базата на 17 мај.

„Скај њуз“: Се слушаат експлозии над Доха, главниот град на Катар

„Би-Би-Си“: Голема база на САД во Катар под закана од ирански напад