Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Израелски војници со оружје од среден век гаѓаат на либанска територија

/

пред 860 дена

Сподели преку :

Израелските војници користат и оружје од средниот век за фрлање на огнени топки преку границата со Либан, во време на засилени прекугранични судири меѓу Израел и проирански Хезболах.

Требуше, оружје слично на катапулт ретко се користи од 16-от век, пренесува американска ТВ мрежа „Си-Ен-Ен“, а израелската војска соопшти дека станува збор за локална иницијатива која не е прерасната во широка употреба.

Израелскиот јавен сервис „Кан“ јави дека такво оружје веројатно се користи за спалување на жбунови, со цел израелските сили полесно да „лоцираат екстремисти“ кои се обидуваат да стигнат до границата.

Видео снимката „оружје во акција“ е поставен на социјалните мрежи. „Си-Ен-Ен“ не можеше да оцени кога е снимена, но го геолоцира на израелско-либанската граница.

Иако имаше извештаи дека катапулти користеле и украинските демонстранти за време на протестите во 2014 година, како и сириските бунтовници во 2013 година, оружјето, сепак, е реликт од минати воени времиња.

„Си-Ен-Ен“, повикувајќи се на податоци на Енциклопедија Британија, пренесува дека последен кој го користел оружјето бил шпанскиот конквистадор Ернан Кортес против Ацтеките во Мексико во 1521 година.