Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Извлечени сите работници кои беа заробени во урнатиот тунел во Индија

/

пред 1065 дена

Сподели преку :

Сите работници (41) кои беа 17 дена заробени во урнат тунел во Индија се спасени, соопштија официјални претставници.

„Здрави се и во форма“, изјави Девендра Патвал, официјално лице во индиската сојузна држава Утаранханд.

Здравствените власти соопштија дека сите извлечени работници ќе минат низ детални лекарски прегледи.

Големата спасувачка операција почна на 12 ноември, по уривањето на тунелот Силкјара, отсекувајќи 41 работник од светот. Тие останаа живи само благодарение на залихите кои им беа праќани низ цевка.