Не е државна тајна туку има степен на доверливост, вели премиерот Димитар Ковачевски за договорот со „Бектел и Енка“, наведувајќи го ова како причина зошто не го дава да го види јавноста.Прашан како тоа Владата потпишала договор со кој ветува дека ќе менува закони со цел да се испочитуваат барањата на странски компании –Ковачевски без одговор, новинарите ги упати да одат на нов брифинг со министерот за транспорт и врски и управувачкиот комитет.











