Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Масовна битка со огнената стихија во кумановско, светиниколско и пехчевско – Телма на лице место на пожарите кои ја пустошат Македонија

/

пред 809 дена

Сподели преку :

Масовна битка со огнениот пекол покрај Пехчево. Пожарникарски маки со специјална опрема за гаснење на пожари. Повторно странска ескадрила стигна на помош против пожари кои горат на десетици локации низ Македонија.

Неколкумина се уапсени под сомнение дека подметнале пожар – последниот приведен е маж од радовишко, кој признал дека ги подметнал пожарите. Пожарот, кој најмногу ги загрижува надлежните, е пехчевскиот, но и пожарите во Старо Нагоричане и светиниколско.

Пожарот над Пехчево пеплоса безмалку цела планина – спасувачките екипи спречија огнот да сигне до куќите, но тешко оди борбата за спас на шумата.

За пожарите во пехчевско известуваат новинарот Огнен Чанчаревиќ и снимателот Наум Пуленџовски. За пожарите во Старо Нагоричане и светиниколско, известува новинарката Ирена Чачкова и снимателот Игор Јанковски.