Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Мислеле дека Тајната служба има некој на покривот – објавена снимка од полицаец кој прв го видел атентаторот на Трамп

/

пред 800 дена

Сподели преку :

Локалната полиција во Батлер, во Пенсилванија, објави снимки од камера на полицаец кој прв го забележал Томас Метју Крукс, напаѓачот кој се обиде да го убие Доналд Трамп. Како што може да се види од материјалот кој полицијата во Батлер го сподели со американските медиуми, неименуван полицаец во придружба на колега дошле до покривот на зградата каде се наоѓал Крукс, а кога го здогледал, набрзина се спуштил, стравувајќи дека ќе пука во него.

Веднаш тргнал кон својот автомобил во кој се наоѓало неговото оружје, но 40-тина секунди по средбата со атентаторот, Крукс истрелал осум куршуми кон Трамп. Притоа погодил неколку лица, вклучувајќи го и поранешниот претседател на САД и убил еден маж.

„Беше многу блиску. Се сврте кон мене“, рече полицаецот на колегите по смирување на ситуацијата.

Набрзо потоа Крукс беше ликвидиран.