Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Мобилизиран украински адвокат со автомобил мина низ гранична рампа и побегна во Унгарија

/

пред 347 дена

Сподели преку :

Адвокат, кој бил мобилизиран од украинската војска, илегално ја минал државната граница со Унгарија во Закарпатската област, пробивајќи ја рампата на контролната точка Велика Палад. Во инцидентот е повреден и припадник на граничната патрола, а надзорните камери го снимиле бегството.

По повод инцидентот се огласи и прес-службата на украинската гранична стража. Во соопштението се изразува сомнение дека е сторено казнено дело „загрозување на живот на полицаец, припадник на јавна формација за заштита на јавниот ред и мир и на државната граница или припадник на војската“.

Инцидентот го објави новинарот Виталиј Хлахола.

„Во четвртокот навечер, на контролата точка Велика Палад – Наѓиходош во подрачјето на граничниот одред Мукачево, маж во црна Тојота Авенсис со регистарски ознаки АО6422ЕЕ влезе во Европската Унија“, напиша Хлахола.

Според него, утврдено е дека возилото го управувал Едуард Пуканич кој е мобилизиран во јули оваа година. Пред да облече војничка униформа, работел како адвокат.