Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(ВИДЕО) Напад на фабрика во Турција, има мртви и повредени. Властите тврдат дека е терористички чин

/

пред 728 дена

Сподели преку :

Силна експлозија одекна во близина на зградата на турската корпорација ТУСАШ, производител на воени авиони и вселенска опрема, а причините се уште не се јасни.

 

Турските власти рекоа дека станува збор за терористички чин.

Турскиот министер за внатрешни работи изјави дека нападот врз просториите на турската компанија за воздушна и одбранбена компанија ТУСАШ оставил голем број луѓе загинати или повредени.

Но, Јерликаја не даде дополнителни детали за нападот врз Турската аероспејс индустрис АД.

Компанијата се наоѓа во предградието на главниот град Анкара.

Претходно, медиумите објавија дека во комплексот се слушнала експлозија проследена со истрели.

Телевизијата ХаберТурк соопшти дека експлозијата најверојатно била предизвикана од бомбаш самоубиец.

„Се случи експлозија во производниот погон ТУСАШ во Анкара, во областа Кахраманказан. Се слушнаа и звуци од истрели“, се вели во соопштението на турската информативна агенција.

Престрелката продолжува, јавија турските медиуми. На терен се бројни полициски екипи.

Луѓе бегаат во паника на сите страни, а бројни полициски екипи се распоредени на терен.