Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Напад со ножеви на роденденска забава во училиште во Лондон – повредени двајца тинејџери

/

пред 574 дена

Сподели преку :

Роденденска прослава во училиште во Лондон се претвори во напад на група млади луѓе со ножеви,при што се повредени двајца тинејџери.

Полицијата уапси тројца тинејџери по инцидентот во основното училиште „Елм Парк“ во Хаверинг, во Есекс, што се случи во саботата навечер.

„Полицијата беше повикана нешто по 21 часот во саботата навечер поради тепачка на поголема група на млади. Кога пристигнале полицајците, неколку тинејџери биле агресивни кон нив. Тројца се уапсени поради напад“, рече портпаролот на полицијата.

Околу 50 млади луѓе влегоа во училишната сала околу 21 часот , што резултира со тепачки кои траеја до 23 часот.

Момчиња на возраст од 19, односно 16 години се хоспитализирани со повреди кои не се опасни по живот.