Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Неколку загинати луѓе, десетина повредени – силно торнадо опустоши гратче во САД

/

пред 883 дена

Сподели преку :

Силно торнадо мина низ мало гратче во Ајова, усмртувајќи повеќе луѓе и повредувајќи над 10, соопштија локалните власти.

Речиси цела Ајова беше под „посебно опасна ситуација“, според Националната метеоролошка служба која издаде неколку предупредувања за торнадо. Но, најлошо мина Гринфилд, гратче со околу 2.000 жители.

„Можеме да потврдиме дека ова торнадо однесе повеќе смртни случаи, а десетина луѓе се префрлени во болница“, рече Алекс Динкла, портпарол на Државната патрола на Ајова.

Со оглед дека локалната болница претрпе штети од невремето, повредените мораа да бидат хоспитализирани во околните градови.

„Беше страшно, многу страшно. Се молам сите да бидат добро“, порача Валери Вориор, жителка на Гринфилд.

Гувернерот на Ајова, Ким Рејнолдс прогласи „вонредна состојба“ за 15 окрузи. Најмалку три торнада беа пријавени и во Минесота, во Небраска и во Колорадо.