Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Неповторлив удар на играч во снукер: Погоди нешто што не може пак

/

пред 1418 дена

Сподели преку :

Кајрен Вилсон е елиминиран во осминафиналето на британскиот шампионат во снукер. Пред поразот од Марк Ален, тој изведе случаен удар, гаѓајќи ја црната топка, што веројатно уште долго ќе се врти на социјалните мрежи.

При резултат од 3:5 во фрејмови и 18:0 во деветтиот фрејм, Вилсон се обиде да ја внесе црната топка во долната десна дупка на масата. Ударот беше толку силен, па топката се одби од двата раба на дупката, по што „скокна“ на работ на масата и се движеше по него до дупката на средина на масата во која падна.

По тој удар, Вилсон промаши удар со една од црвените топки, го загуби фрејмот, а подоцна и мечот.