Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Нов масовен руски напад врз повеќе градови во Украина, има жртви и повредени

/

пред 124 дена

Сподели преку :

Најмалку девет лица се убиени, а десетици се повредени во масовен напад што руските сили во текот на ноќта го извршиле врз повеќе украински градови, објави Би-би-си, цел на напади бил и главниот град на Украина, Киев.

Во нападите во раните утрински часови пет лица се убиени во градот Днипро, додека 25 се повредени, а уште четири лица смртно настрадале во Киев. Во рускиот напад на главниот град на Украина повредени биле најмалку 51 лице, од кои 35 се пренесени во болница.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко изјави дека во нападот биле погодени две високи станбени згради во градот и оти постојат стравувања дека има заробени луѓе под урнатините.

Кличко ги повикал жителите на градот да останат во засолништата, додека шефот на градската воена администрација, Тимур Ткаченко соопштил руските сили го напаѓаат градот со балистички ракети.