Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Оштетен трансформатор, пожар и ниво на радијација во рамки на дозволеното – Русија тврди дека Украина ја погодила нуклеарката во Курск

/

пред 413 дена

Сподели преку :

Нуклеарната централа во Курск и нафтен терминал во пристаништето Уст Луга во областа Ленинград беа меѓу неколкуте енергетски капацитети што беа погодени во воздушните напади што ги изведе Украина во текот на ноќта, тврдат руски официјални претставници, пренесуваат светските медиуми.

Во нападот на нуклеарката во Курск, во близина на руско-украинската граница, оштетен е помошен трансформатор, што доведе до намалување на оперативниот капацитет за 50 отсто, додаваат тие.

Нападот мина без повредени и жртви, а пожарот бил набрзина изгаснат. Нивото на радијација во постројката и околината не ги надминува дозволените граници, објави прес-службата на нуклеарната централа.

Пожарот избувна и на терминал на нафтената компанија Новатек во Уст Луга во областа Ленинград по нападот со украински дронови, соопшти началникот на областа, Александар Дрозденко. Станува збор за голем комплекс на Балтичко Море за преработка и извоз на нафта и нафтени деривати на меѓународните пазари. Според Дрозденко, над пристаништето се урнати околу 10 украински дронови и во тек е гаснење на пожарот.