Израелските сили нападнаа зграда во Ком во која требаше да се состанат ирански претставници за избор на нов врховен водач, јавија државните новински агенции. Според истите извори, објектот е уништен.
حملات هوایی به ساختمان خبرگان در میدان رسالت #قم pic.twitter.com/bkK5bTV1Y5
— ائتلاف ۱۰ ꪜ 👀 (@etelaf10) March 3, 2026
Таканаречениот Совет на стручњаци, кој има згради во Техеран и во Ком, град јужно од престолнината, се состои од членови кои одлучуваат за наследникот на ајатолахот Али Хамнеи кој загина во саботата.
Зградата во Ком е срамнета со земја во воздушен напад, се наведува во извештаите. Дел од медиумите ја потврдија автентичноста на видео снимките кои се раширија низ социјалните мрежи.
Советот на стручњаци имаа 88 членови, но нејасно е колку од нив се наоѓале во зградата во моментот на ударот.











