Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Шишање на улица, запреа возови, во застој и метрото во Прага – голем дел од Чешка без струја

/

пред 471 дена

Сподели преку :

Чешка запре. Голем дел од земјата попладнево остана без струја по голем дефект во мрежата, извести чешкиот оператор за пренос на енергија.

„Моментно може да потврдиме дека во нашата електроенергетска мрежа постои прекин во снабдувањето. Дефектот зафати голем делод Чешка“, изјави Хана Климова, портпаролка на операторот CEPS.

„Вонредна и незгодна“. Вака премиерот Петр Фиала ја опиша ситуацијата на платформата Икс. Чешкиот министер за сообраќај, Мартин Купка рече дека железничките пруги се запрени во пет од 14 покраини, вклучувајќи ја и Прага.

Набрзо по првите извештаи за прекин на струјата, CEPS објави дека причина е урнат далновод. Компанијата додаде дека електричаната енергија е вратена во поголем дел од зафатените подрачја. И метрото во Прага накратко беше во прекин.

Чешката полиција се огласи на Икс, со објава дека нема информации кои би упатувале на сајбер или терористички напад.

Прекинот на струјата во Чешка доаѓа по неколку месеци од големите хаварии и во Португалија и во Шпанија.